Ужас: Комбе се распрачи во судир со камион, седум навивачи на ПАОК загинаа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Голема трагедија ја потресе Грција откако седум навивачи на ПАОК го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во Романија. Во несреќата се повредени уште три лица, а едно од нив се наоѓа во критична состојба и се бори за живот.

Навивачите кои патувале со комбе биле на пат кон Франција, каде што требало да присуствуваат на натпреварот од Лигата на Европа против Лион, но нивното патување завршило трагично на околу 80 километри од српската граница.

Кобната несреќа се случила во близина на градот Лугој, во поширокиот регион на Темишвар. Комбето во кое се превезувале навивачите, при обид за претекнување на друго возило, директно се заби во камион кој доаѓаше од спротивен правец во другата лента и буквално се распрачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×