Седлоски: Секој ќе добие шанса, на играчите е да се докажат!

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски е задоволен од начинот на кои течат подготовките во Турција, вели дека на последните два меча ќе го искристализира тимот кој ќе го понесе товарот во продолжението од сезоната.

Лидерот во ПМФЛ, Вардар ги финишира подготовките за пролетниот дел од сезоната и ја одработува последната недела од тренинг кампот во Турција.

“Напорни се подготовките, едноставно тешки се играчите. На секој сакам да му дадам шанса, сега до нив е како ќе се покажат. На првите два меча им дадов шанса на сите. Денеска исто така ќе им дадам шанса на повеќето. Секој кој е тука сакам да му дадам шанса, можеби некој ќе експлодира и ќе се докаже. На последните два меча ќе се искристализира тимот кој ќе го понесе товарот за пролетниот дел” – вели Гоце Седлоски.

Тренерот на Вардар кажа кој ќе го смени Роџерс Мато кој замина од “црвено-црните” и ќе продолжи во Хартс.

“Мато експлодираше, реши доста мечеви оваа сезона, добро играше и трансферот дојде. На таа позиција има 2-3 играчи и ќе видиме кој би го сменил. Исто така бараме уште 2-3 засилувања за да го освежиме тимот”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×