Вардар сака да донесе уште едно аргентинско засилување, преговорите се во тек!

by riste
1 минути читање

Вардар би можел да ја зголеми аргентинската колонија доколку завршат успешно преговорите со 28-годишниот фудбалер Хоакин Торес.

Станува збор за офанзивен фудбалер кој настапува и на двете крилни позии. Потекнува од школата на Њуел Олд Бојс за кој и дебитирал во сениорска конкуренција.

Таму играл шест години пред да замине во странство. Има настапувано и во МЛС, во тимовите на Монтреал и Филаделфија Унион.

Со Торес се водат активни преговори, наводно тој прифатил да го облече црвено-црниот дрес, но останува да се прецизираат уште некои детали.

Ако позитивно завршат преговорите со Торес, тој би бил четвртиот Аргентинец во составот на Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×