Наполи падна во Торино, Јувентус се радува на голема победа (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ славеше со 3-0 во дербито со Наполи и ги остави „наполитанците“ на -9 во однос на лидерот Интер.

Јувентус освои три важни бода во битката за топ четири пласман, и колку-толку си ги задржа шансите за Скудетото, избраниците на Спалети со 3-0 ја добија пресметката против Наполи во Торино.

Давид го отвори резултатот на средината од првото полувреме, а Јилдиз и Костиќ во продолжението од мечот го дотолчија противникот.

За Наполи крајот на јануари може да се покаже кобен, доколку не го победат Челси во среда, ќе останат без Лигата на шампиони, а со заостанување од девет бода зад Интер, далеку се и од трката за Скудетото.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×