27
Роџерс Мато кариерата ќе ја продолжи во шкотски Хартс, а Вардар во овој момент води преговори со лидерот во Шкотска за начинот на кој трансферот ќе се реализира.
Хартс сака да го добие во јануари и тоа му одговара и на Вардар за да не остане без пари што би се случило, ако Мато по завршувањето на сезоната се пресели во Хартс.
Извршниот директор Миленко Неделковски истакна дека се работи за се да биде завршено на задоволство на сите страни.
„Не можам да ви кажам детали за ситуацијата со Мато, но можам само да кажам дека се работи случајот да се заврши во интерес на сите страни“, рече кратко извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.