Робертсон може да замине од Ливерпул – преговара со голем ривал на „црвените“!

by Стефан
1 минути читање

По заминувањето на Трент Александер-Арнолд минатото лето, „Енфилд“ би можел да се прости и од уште една клупска икона. Имено, на излезна врата од Ливерпул се наоѓа Енди Робертсон, левиот бек кој со години беше еден од симболите на најуспешниот период на клубот.

Како што пренесуваат медиумите, капитенот на шкотската репрезентација е сериозна трансферна цел на Тотнем. Разговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза и одат во позитивна насока а договорот би можел да биде финализиран многу брзо. Во Робертсон, лондонскиот клуб гледа идеална замена за Бен Дејвис, кој поради повреда ќе мора да паузира подолг временски период.

Робертсон е дел од Ливерпул речиси една деценија, во која одигра 363 натпревари, постигна 12 погодоци и запиша 68 асистенции. Со „црвените“ освои две титули во Премиер-лигата и трофејот во Лигата на шампионите, оставајќи длабока трага во историјата на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×