Извлечени паровите за четвртфиналето во Купот на Македонија

by bojan
1 минути читање

Во Куќата на фудбалот на ФФМ денеска беше одржана ждрепката за четвртфиналето во Купот на Македонија, актуелниот шампион Вардар за противник го доби Охрид, дербито е помеѓу Струга и Шкендија.

Извлечени се паровите за четвртифналето во Купот на Македонија, ждрепката попладнево беше одржана во Куќата на фудбалот на ФФМ.

Актуелниот шампион Вардар ќе игра против второлигашот Охрид, но противникот не е за потценување, се работи за лидерот во ВМФЛ по есенскиот дел од сезоната.

Дербито се игра во Струга, каде клубот од овој град ќе ја пречека Шкендија.

Натпреварите се играат на 25. февруари, а доколку по 90 минути нема победник, патникот во полуфиналето ќе се решава на пенали.

Денеска беше одредено и како ќе се вкрстува во полуфиналето, кое се игра во два натпревари во април месец.

Куп на Македонија:

Четврт-финале

(1) Вардар – Охрид Лихнидос
(2) Струга – Шкендија
(3) Шкендија Арачиново – Работнички
(4) Детонит Плачковица – Силекс

Полу-финале

Победник 1 – Победник 4
Победник 2 – Победник 3

Можно е и ова да ти се допаѓа

×