46
Фудбалскиот клуб Вардар ги потврди најавите за одложувањето на натпреварот против Мотор Лублин во Анталија.
„Црвено-црните“ требаше да се судрат со полскиот суперлигаш, ама лошите временски услови го одложија дуелот. Вардарци нема да го одиграат вториот тест планиран на турско тло.
Слична судбина веројатно ја чека и средбата меѓу Силекс и Словачко кој е закажан за денес. Останатите тимови од ПМФЛ кои се во Анталија се Шкендија, Струга, Пелистер и Тиквеш, а тие немаат закажано дуели за денес и се надеваат на подобрување на условите во следните денови.