Мурињо: Ме чуди како тренери без историја добиваат шанса да ги предводат најголемите клубови

by bojan
1 минути читање

Жозе Мурињо изрази чудење како тренери без историја и искуство добиваат шанса да ги предводат најголемите клубови, нејасно е на кого мислеше „специјалниот“ но се верува дека „отровните стрели“ се за Алваро Арбелоа, Мајкл Карик, Кристијан Киву и Лиам Росениор.

Жозе Мурињо е човек кој нема влакна на јазикот, па по синоќешниот натпревар помеѓу Јувентус и Бенфика во Лигата на шампиони, реши да го критикува новиот тренд и тоа што големите клубови им укажуваат шанса на недокажани тренери.

„Ме изненадува фактот што тренери без историја и без искуство добиваат шанса да ги водат најдобрите тимови во светот. Навистина ме чуди сето ова“ – вели „специјалниот“.

„Немаше никакво изненадување кога Милан го ангажираше Алегри, или кога Јувентус се реши за Спалети, или пак кога Рома го одбра Гасперини“.

Нејасно е за кого беа наменети „отровните стрели“, но може да се претпостави дека се за Алваро Арбелоа и Реал Мадрид, Мајкл Карик и Манчестер јунајтед, Кристијан Киву и Интер или Лиам Росениор и Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×