Столе Димитриевски конечно ја искористи шансата во Ла Лига и со сигурен настап беше еден од клучните играчи во победата на Валенсија над Хетафе од 1-0. Македонскиот репрезентативец имаше неколку важни интервенции и доби висока оценка за својот настап.
Иако настапот беше позитивно оценет од аналитичките платформи, дел од шпанските медиуми ја насочија приказната во поинаков правец.
„Марка“ објави дека Димитриевски по година ипол конечно повторно ја сочувал мрежата во Ла Лига, но без да го нагласи фактот дека македонскиот голман оваа сезона имаше минимална минутажа во првенството.
Познато е дека Димитриевски не е прва опција на тренерот Карлос Корберан, кој континуирано му дава предност на Хулен Агирезабала. И покрај тоа што конкуренцијата на голот не блеска со резултати, македонскиот чувар на мрежата ретко добива можност да се наметне.
