Три екипи од Првата македонска фудбалска лига одиграа нерешено на подготовките во Турција и ги продолжија тест натпреварите без победа.
Шкендија ремизира со украинска Олександрија со резултат 1-1. Тетовци поведоа во првото полувреме со голот на Арбин Зејнулаи, но противникот израмни веднаш по паузата, по што немаше промена на резултатот.
Пелистер одигра 2:2 против Спартак Суботица. Битолчани настапија со два различни состави, а головите ги постигнаа Бобан Здравевски и новото засилување Филип Петровиќ.
Без победник заврши и дуелот на Вардар против Андијан од Узбекистан 1:1. Противникот поведе во второто полувреме, а Давид Бабунски со погодок во 77 минута донесе израмнување за црвено црните.