Никој во Европа не е како баварската машинерија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен продолжува со импресивните настапи оваа сезона, откако за време на викендот убедливо го совлада Лајпциг со 5-1, иако на полувремето имаше негатива од 1-0. Избраниците на Компани во вториот дел постигнаа пет погодоци и уште еднаш ја потврдија доминацијата.

Баварците по 18 одиграни кола имаат постигнато 71 гол и примено само 14, бројки кои јасно зборуваат за нивната супериорност во Бундеслигата. Со 11 бода предност во однос на Борусија Дортмунд, Баерн веќе сериозно се доближува до титулата.

Одлично им оди и во Лигата на шампионите, каде што освоија 15 од можните 18 бодови, а единствениот пораз сезонава го доживеаја од Арсенал. Со вакво темпо, Баерн би можел рано да ја обезбеди титулата и целосно да се насочи кон европските предизвици.

Досега оваа сезона освен Арсенал од кој загубија, Баерн не успеа да победи уште само два натпревари против Мајнц и Унион Берлин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×