„Граѓаните“ изминатиов викенд го промовираа Марк Геи од Кристал Палас како ново засилување, со него, Манчестер Сити може да состави цел еден од тим од играчи купени во последните 12 месеци.
Кога големите клубови имаат проблем, излезот од криза обично го бараат во трошење на многу пари.
Таква беше ситуацијата на Манчестер Сити минатата сезона, по слабите партии, беа ангажирани неколку нови играчи во јануари 2025 година. „Граѓаните“ продолжија да се засилуваат и во летниот преоден рок, а нови имиња пристигнаа и овој месец.
Изминатиов викенд беше промовиран Марк Геи како ново засилување, и со Англичанецот, клубот од Етихад може да состави цел еден тим од играчи купени во последните 12 месеци.
На голот е Џиџо Донарума, во одбраната се Аит Нури, Геи, Реиш и Хусанов, во средниот ред се Рајндерс, Гонзалез и Нипан, додека во нападот место има за Шерки, Мрмуш и Семењо.
За сите овие играчи се потрошени околу 500 милиони евра.
