Една од водечките теми во светот на спортот и понатаму се случувањата од финалето на Африканскиот куп на нации, а во меѓувреме пристигна и едно помалку необично објаснување зошто Сенегалците со сите сили го бранеа пешкирот на голманот Едуар Менди од играчите на Мароко, децата што собираат топки и од обезбедувањето.
За време на финалниот натпревар меѓу Мароко и Сенегал во Рабат, пешкирот на Менди се обидуваа да го одземат Ашраф Хакими и Исмаела Саибари, како и деца што собираат топки и членови на обезбедувањето. Сепак, на крајот резервниот голаман, Јевен Диуф успеа да го зачува.
Италијанската „Газета дело Спорт“ сега откри зошто Мароканците толку многу се обидувале да стигнат до пешкирот на сенегалскиот чувар на мрежата.
„Сенегал и вуду-пешкирот што Мароканците се обидоа да го украдат за време на финалето“, гласи насловот на текстот во кој се објаснува сенегалското суеверие.
„Пешкирот на Менди, според верувањата во Сенегал, е платнено „оружје“ кое ја впива црната магија и ја пренесува својата моќ на сопственикот. Иако многумина сметаат дека станува збор за глупост, Мароканците направија сè за да дојдат до него“, се наведува, меѓу другото, во текстот.
Ќе потсетиме, Сенегал славеше по продолженијата со резултат 1-0 и така вторпат во својата историја стана шампион на Африка.