Манчестер сити официјално го потврди и второто засилување во овој преоден рок, откако од Кристал палас пристигна Марк Гуехи. Англискиот репрезентативец доаѓа на „Етихад“ со големи очекувања, а трансферот ќе ги чини „граѓаните“ околу 27 милиони евра како фиксна сума, со дополнителни бонуси.
Гуехи, чиј договор со лондонскиот клуб истекуваше на крајот од сезоната, потпиша долгорочна соработка со екипата на Пеп Гвардиола до 2031 година. Овој трансфер беше најавен уште минатата недела, а денеска, по завршувањето на сите административни процедури, доби и официјална потврда.
Првата можност за настап во дресот на Манчестер сити, Гуехи би можел да ја има веќе наредниот викенд, кога „граѓаните“ в сабота ќе се соочат со Вулверхемптон, кој моментално е закован на дното на табелата во Премиер лигата.
Дефанзивецот во изминатиот период се поврзуваше и со трансфер во Ливерпул, но Манчестер сити ја забрза реализацијата на договорот поради проблемите со повреди кај Јошко Гвардиол, Рубен Дијаз и Џон Стоунс.
Да потсетиме, пред ангажманот на Гуехи, „граѓаните“ го доведоа и Антоан Семењо од Бормут, кој брзо се вклоп и забележа неколку одлчни настапи.