Дали Брахим Дијаз намерно го промаши „Паненка“ пеналот?!

by bojan
1 минути читање

Голманот на Сенегал, Едуард Менди негира дека Брахим Дијаз намерно промашил од белата точка во последните мигови од финалето на Африканскиот куп на Нации.

Финалето на АФКОН помеѓу Мароко и Сенегал помина во сенка на скандалозниот момент од последните секунди на регуларниот дел, кога гостинските фудбалери го напуштија теренот по еден сомнителен пенал во корист на домаќините.

По десетина минути драма, играчите на Сенегал се вратија на теренот, а Брахим Дијаз ја зеде топката и тргна да донесе слава.

Но фудбалерот на Реал Мадрид реши да изведе „Паненка“ и тоа го стори на многу лош начин, ја додаде топката право во голманот Едуард Менди.

По ваквиот развој на настаните, почнаа да кружат гласини дека пеналот намерно бил промашен, дел од договорот за Сенегал да се врати и да го доигра мечот.

 „Секако дека не го промаши намерно. Ајде да бидеме сериозни“ – вели голманот Едуард Менди.

„Дали навистина мислите дека на една минута до крајот, и кога нацијата 50 години ја чека титулата, може да се договори вакво нешто? Тој сакаше да постигне гол, а јас заслужувам честитки за тоа што одбранив“.

Запрашан повторно на оваа тема, голманот додаде: „Навистина се обиде да погоди. Јас останав на средина колку што можев подолго и на крајот имав среќа, го оставив тимот во игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×