Чаби Алонсо веќе добил понуда за враќање на клупата

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Индипендент, Тотнем сака да го ангажира Чаби Алонсо за нов тренер, но стратегот не е заинтересиран, верува дека ќе добие подобра понуда во следниот период

По синоќешниот пораз на Тотнем од Вест Хем, сериозно се тресе столчето на Томас Франк и бордот на „спарси“ дебатира дали да му врачи отказ пред пресметката против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Директорите на Тотнем исто така дискутирале и за можноста да го назначат Чаби Алонсо за нов тренер.

Сепак, младиот стратег во моментов не е привлечен од идејата да застане на кормилото на „Вајт Харт Лејн“.

Чаби Алонсо, кој во понеделникот доби отказ од Реал Мадрид, верува дека во следниот период ќе добие подобра понуда.

Неговото име често се споменува како опција на Ливерпул за нов тренер во случај „црвените“ да се разделат со Арне Слот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×