Арсенал не го искористи во целост поразот на Сити, освои само бод кај Нотингем!

by riste
0 минути читање

Арсенал одигра без голови на гостувањето кај Нотингем форест, топчиите ја зголемија предноста над Манчестер Сити, но само за еден бод.

Рано во денот Манчестер Сити беше поразен на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, па Арсенал имаше шанса дополнително да му се одлепи.

Тимот на Артета можеше да отиде на плус девет бода, но ќе се задоволи со плус седум откако не успеа да го победи Нотингем.

Астон Вила утре го пречекува Евертон и со победа ќе се доближи на четири бода до Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×