Арсенал застана во редот за несудениот македонски репрезентативец

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Сан, Арсенал пројавува интерес за 17 годишниот Василије Костов од Црвена звезда, младото момче има потекло од Македонија.

Василије Костов важи за еден од најперспективните играчи на Балканот, но и во Европа, па се наоѓа на радарот на неколку гиганти.

Весникот Сан денеска објави дека Арсенал внимателно го следи прогресот на 17 годишниот фудбалер од средниот ред и сака да го донесе на „Емирати“.

Барселона и Баерн Минхен исто така се посочуваат како клубовите кои пројавуваат сериозен интерес, се говори дека ќе бидат потребни 20 милиони евра за негов ангажман.

Василије Костов има македонско потекло, но одлучи да го носи дресот на Србија и дебитираше за популарните „орли“ против Албанија во квалификациите за Светското првенство.

ФОТО: X/FK Crvena zvezda

Можно е и ова да ти се допаѓа

×