Беше тренер на Барса, а сега е подготвен да седне на столчето на Реал!

by riste
1 минути читање

Алваро Арбелоа ужасно почна на клупата на Реал Мадрид, па речиси сите прогнозираат дека тој нема да успее долго да се задржи и на лето кралскиот клуб ќе назначи нов тренер.

Како прв кандидат се споменува Јирген Клоп, но имаше уште едно мега тренерско име, а тоа е Луис Енрике.

Поранешниот тренер на Барселона наводно е подготвен да прифати понуда од Реал Мадрид и да го преземе кормилото на кралскиот клуб.

Тој како фудбалер настапуваше и за Реал Мадрид (1991-1996) и за Барселона (1996-2004), па сега е подготвен да го направи истото и како тренер.

Во меѓувреме Луис Енрике одбива да потпише нов договор со ПСЖ што е уште еден показател дека сака нова тренерска авантура.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×