Медиумите од Шпанија откриваат детали од првиот говор кој го одржал Алваро Арбелоа, на ѕвездите на Реал Мадрид им порачал дека треба да го ценат тоа што настапуваат на „Бернабеу“.
Вчерашниот тренинг на „кралевите“ го предводеше Алваро Арбелоа, кој беше промовиран на кормилото на првиот тим по отказот на Чаби Алонсо.
Медиумите од Шпанија сега пренесуваат каков бил првиот ден на стратегот.
„Пристигна во 7:30 часот утрото, влезе преку задниот влез, не влезот кој го користат играчите“ – раскажува новинарот Еду Агире.
„Во 9:30 беше закажан состанок со директорот Хозе Анхел Санчез, Арбелоа и првиот тим“.
„Санчез збореше прв, околу пет минути, објасни како разговарал со Чаби Алонсо и како заедно се сложиле да го раскинат договорот“.
„Потоа говор одржа Арбелоа, но кратко и концизно. Се осврна на чувството на припадност кон клубот, или во кратки црти, „Морате да цените тоа што сте тука. Го знам ова од прва рака бидејќи и јас бев играч тука. Морате да уживате во носењето на белиот дрес““.
Според присутните, Арбелоа бил смирен, се шегувал и оставил впечаток на човек кој ја држи ситуацијата под целосна контрола.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.