Клоп за шпекулациите кои го поврзуваат со Реал: Ми се јавуваат луѓе, а јас…

by 24 фудбал
1 минути читање

Главна тема во фудбалскиот свет од понеделникот е смената на Чаби Алонсо во Реал Мадрид. Раководството на шпанскиот гигант одлучи да се раздели со младиот стратег по поразот од Барселона, а како привремено решение на клупата беше назначен Алваро Арбелоа.

Во изминатите месеци често се шпекулираше дека во Мадрид сакаат на тренерската позиција да го видат Јирген Клоп, а таа тема повторно се активираше веднаш по заминувањето на Алонсо. Германскиот стратег јавно ја коментираше одлуката на Реал и застана во одбрана на поранешниот тренер.

Ако Чаби, кој правеше неверојатни резултати со Леверкузен, по само шест месеци мора да си замине од Мадрид, тогаш е јасно дека таму не функционираат некои други работи. Јасно е дека очекувањата во Реал Мадрид се огромни, но Чаби е одличен тренер. И самиот тајминг, тоа што беше сменет ден по поразот од Барселона, зборува многу“, изјави Клоп, а потоа додаде:

Тоа нема никаква врска со мене. Веројатно следното прашање би било дали одам во Мадрид. Да, изненаден сум и да, многу луѓе ми се јавија со прашањето дали ќе одам таму. Најчесто им одговарав со емотикони“.

Изјавата на Клоп дополнително ги разгоре шпекулациите, но засега Реал Мадрид останува со Арбелоа како привремено решение, додека клубот внимателно ќе ја следи ситуацијата во продолжението од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×