56
Eкипата на Барселона и официјално го потврди враќањето на Жоао Кансело.
Португалецот денеска ги заврши медицинските прегледи и официјално стави потпис со каталонскиот гигант.
Кансело сè уште е под договор со саудискиот Ал Хилал, а во Барселона пристигна како позајмен фудбалер.
Неговото претставување пред медиумите е закажано за утре во 13:30 часот. Кансело претходно дресот на Барселона го носеше во 2023 година кога исто така како позајмен фудбалер настапуваше тогаш од Манчестер сити.