Мбапе покажа непочитување, им забрани на соиграчите да направат шпалир за Барселона! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона со 3-2 го победи Реал Мадрид во финалето од шпанскиот Суперкуп, а по мечот Килијан Мбапе направи необичен потег кој силно одекна особено во шпанската јавност.

Откако ги земаа медалите за второто место, фудбалерите на Реал Мадрид требаше да останат на теренот и со шпалир да ги поздрават играчите на Барса.

Но, Мбапе немаше сила да го прави тоа, лут ги повика своите соиграчи во соблекувалната.

Новинарот Алфредо Мартинез тврди дека Мбапе им рекол на своите соиграчи веднаш да заминат од теренот и да не присуствуваат на моментот кога Барселона го крева пехарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×