Ендрик првпат беше стартер за Лион и веднаш даде гол! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фудбалерот на Реал Мадрид кој е на позајмица во Лион многу брзо почна да ги покажува своите квалитети, го постигна деби голот за францускиот тим кој беше победнички.

Ендрик беше посочуван за најголемиот бразилски талент после Нејмар, но во Реал Мадрид никогаш не доби вистинска шанса за тоа да го покаже, па многумина веќе го отпишаа.

Но, во својот прв посериозен настап за Лион го покажа својот квалитет. Даде гол, но и севкупно одигра одличен меч.

Лион со 2-1 победи на гостувањето кај Ленс во меч од францускиот куп, победничкиот гол го даде Ендрик, негов деби погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×