Реал Мадрид го елиминира градскиот ривал Атлетико Мадрид со 1-2 во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, кој се игра во Саудиска Арабија, а натпреварот покрај фудбалот донесе и интересна сцена покрај аут линијата.
Во центарот на вниманието се најдоа тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, и фудбалерот на Реал, Винисиус Жуниор. Аргентинскиот стратег се обиде да го испровоцира бразилскиот офанзивец во текот на второто полувреме, упатувајќи му навредливи дофрлувања. Симеоне му викаше: „Вини, Перез ќе те избрка од Реал, запамти што ти кажав“.
За разлика од некои претходни ситуации, Винисиус овојпат реагираше изненадувачки смирено. Иако му одговори неколкупати на тренерот на Атлетико, Бразилецот не подлегна на провокациите и остана фокусиран на играта.