108
Тимот на Сеск Фабрегас продолжи со импресивните изданија во Серија А откако денеска со 3-0 победи на гостувањето кај Пиза, триумф по кој се качи на четвртата позиција на табелата.
Комо доминираше во целиот тек на мечот, но резултатот беше отворен во 68. минута кога Пероне даде гол за водство од 1-0.
Само осум минути подоцна Довикас постигна гол за предност и од 2-0. Веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој натпревар.
Пред самиот крај на мечот, Комо доби пенал, а Довикас повторно погоди и ги постави конечните 3-0 за гостинскиот тим.