Шкендија од Тетово реализира значајно засилување во зимскиот преоден рок, откако дефанзивниот играч за врска Дрилон Ислами и официјално стана дел од клубот.
Дваесет и петгодишниот фудбалер доаѓа од романскиот Клуж и зад себе има искуство од интернационалната сцена. Во изминатиот период Ислами беше блиску до трансфер во редовите на косовскиот шампион Балкани, но преговорите не завршија со договор.
По таа ситуација, Шкендија брзо реагираше и влезе во конкретни разговори со играчот, кои завршија успешно. Тетовчани го обезбедија неговиот потпис и го доведоа едно од најзвучните имиња оваа зима.
Ислами се очекува да донесе цврстина и стабилност во средниот ред, а во досегашната кариера настапуваше за косовските клубови Приштина, Феризај и Дрита.