Лудило на Кревин Котиџ: Ливерпул се радуваше на победа кога Рид со страшен гол ги расплака! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На мечот меѓу Фулам и Ливерпул се случи исклучително интересна драма во финишот од натпреварот, мечот заврши 2-2.

Вилсон даде гол за водство на Фулам уште во 17. минута, со тој резултат се замина на одморот.

Во 57. минута Вирц го изедначи резултатот на 1-1, се чинеше дека така ќе заврши овој дуел, но следуваше неверојатна драма.

Гакпо во 94. минута даде гол за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.

Црвените веќе почнаа да се радуваат на победата мислејќи дека тоа е тоа, но тогаш, во 97. минута Рид испука едно торпедо во аголот и израмни на 2-2.

Во останатите натпревари од овој термин Њукасл со 2-0 го победи Кристал Палас, Тотнем и Сандерленд одиграа 1-1, а Брентфорд со 4-2 славеше кај Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×