Поранешниот фудбалер на Барселона, Денис Суарез откри што се криело зад фамозната објава на Жерад Пике „останува“ во екот на најголемите гласини за заминување на Нејмар од Барселона.
Летото во 2017 година, ПСЖ тргна по потписот на Нејмар и имаше неколку тензични недели околу иднината на Бразилецот.
На 23. јули таа година, Жерард Пике на социјалните мрежи постираше фотографија со Нејмар и напиша „se queda“ односно „останува“.
Ова на кратко ги „запали“ навивачите на Барселона, кои помислија дека Нејмар ќе ги одбие милионите од ПСЖ, но само неколку дена подоцна „светците“ реализираа трансфер бомба – ја активираа откупната клаузула од 222 милиони евра и го креираа најскапиот трансфер во светот.
Жерард Пике стана мета за потсмев, а Денис Суарез сега открива што се криело зад фамозната објава.
„Кога беше објавена таа „se queda“ фотка, ние веќе знаевме дека Нејмар заминува. Едноставно го провоциравме Пике дека нема мад*ња да го објави постот… но тој сепак го објави“ – вели поранешниот фудбалер на Барселона.