Неколку извори од Италија пренесуваат дека Јувентус на маса ќе стави предлог тежок околу 6 милиони евра и ќе му ги исполни желбите на Кенан Јилдиз за младиот Турчин да стави потпис на нов договор.
„Старата дама“ и Кенан Јилдиз подолго време се во преговори за нова соработка, и разговорите влегоа во ќор сокак откако фудбалерот побара да биде еден од најплатените играчи во тимот и да има примања од околу 6 милиони евра по сезона.
Во Јувентус се свесни дека нема многу простор за ценкање, интерес за Кенан Јилдиз пројавуваат многу клубови ширум Европа, па раководството решило да му ги исполни сите желби на младиот Турчин.
На следниот состанок на маса ќе биде ставен предлог вреден околу 6 милиони евра по сезона, и за очекување е двете страни за брзо да ги испеглаат деталите за нов договор до јуни 2031 година.