Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим објасни зошто против Њукасл играл со четворица во последната линија и покрај тоа што пред извесно време излезе со фамозно изјави дека „ниту Папата не може да ме натера да ја променам формацијата“.
На почетокот од својата авантура на Олд Трафорд, Рубен Аморим често добиваше критики за формацијата, и многумина го советуваа да ја напушти стратегијата 3-5-2 (или 3-4-3).
Во еден момент на стратегот му дојде преку глава и фамозно изјави „Ниту Папата не може да ме натера да ја променам“.
Сепак, во победата од 1-0 над Њукасл, Манчестер јунајтед играше со четворица во последната линија.
„Кога дојдов тука минатата сезона и можеби ми беше јасно дека ги немам соодветните играчи за да играме со тој систем, но тоа беше само почетокот на процесот. Се обидувавме да изградиме идентитет, и денеска е сосема поинаку“ – вели Рубен Аморим.
„И нема шанси да направам промена само поради притисок од новинарите или навивачите“.
„Денеска сите го разбираат начинот на кој сакаме да играме, и принципите се исти“.
„Можеме да го промениме системот, и сигурно ќе го направиме тоа кога на располагање ќе ги имам сите фудбалери, дефинитивно нема цело време да играме со тројца позади“.
„Но нема шанси да го променам системот само поради тоа што медиумите притискаат за тоа. Ако поради оваа причина го променам системот, тоа ќе биде крајот за мене“.