Искри по мечот во Истанбул, Јаховиќ се „судри“ со Шкртел: Дали неговите ножички по што настрада Нојштадтер беа причината? (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Фенербахче со тешки сили
стигна до победа од 2-1 на домашен терен против Гезтепе во редовното коло од
турската Суперлига.

Солдадо беше херојот за
домаќините во самиот финиш, а по мечот настана голема мешаница која малку
недостасуваше да премине во физичка пресметка.

Македонскиот напаѓач од
редовите на Гезтепе, Адис Јаховиќ се „судри“ со словакот Мартин Шкртел, тие си
разменија по неколку зборови по што малку недостасуваше да дојде до физичка
пресметка, но на крајот беа разделени обете страни.



Не се познати причините
за оваа кавга помеѓу Јаховиќ и Шкртел, но би претпоставиле дека се работи за
ножичките кои Македонецот сакаше да ги изведе, во што настрада главата на рускиот
дефанзивец Рамон Нојштадтер.

class="twitter-video" data-lang="en">

pic.twitter.com/Uo5zE2KLB0

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани