ФФМ со емотивна порака се прости од Васил Рингов!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија објави емотивна порака по информациите за смртта на легендарниот Васил Рингов.

Од ФФМ објавија фотографија од екс-голгетерот, а покрај неа напишаа и текст во кој зборуваа само пофално за Рингов. Легендарниот напаѓач почина на 70-годишна возраст по кратко боледување.

Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство.

Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината.

Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег.

Денес останува споменот за човек кој веруваше дека делото е поважно од зборот, а чесноста посилна од секој резултат.
Како што велат, некои си одат, ама остануваат во игра.

Почивај во мир, драг наш Васе“, напишаа од ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×