118
Гоце Седлоски ја наследи клупата на репрезентацијата на Македонија по заминувањето на Благоја Милевски.
Актуелниот тренер на Вардар прави промена во репрезентативниот стручен штаб и ќе се одбере свои луѓе. Како асистенти на Седлоски ќе работат искусниот Борче Христов и досегашниот селектор на Македонија У19, Ерхан Селими.
Тренер на голманите ќе биде Гого Јовчев, а најавено е дека во тимот ќе се приклучат уште две имиња. Станува збор за кондициски тренер и еден кој ќе биде задолжен за логистиката.