Трабзонспор се распрашува за Јаховиќ

by
1 минути читање

И натаму трае сагата околу нашиот искусен напаѓач Адис Јаховиќ кој игра во животна форма во дресот на турскиот суперлигаш Гезтепе.

Клубот од Измир мака мачи да го обезбеди потписот на својот најдобар фудбалер на подолг рок, но Македонецот неколку пати истакна дека му е потребно одреден период за добро да размисли за својата иднина.

Турските медиуми шпекулираат дека Гезтепе му нуди годишна плата од 900 илјади евра, но барањата на нашиот напаѓач, неофицијално изнесуваат 1,5 милион евра годишна плата.

Најновите информации кои пристигнуваат од тамошните медиуми, велат дека интерес има и од страна на Трабзонспор кој сериозно влегол во трката за потписот на Македонецот за кого интерес пријавија повеќе екипи.

Јаховиќ веќе истакна дека приоритет му е да продолжи со Гезтепе, но клубот веќе почна да размислува и како во случај да остане без него, па на својата агенда го врати интересот за Самуел Ето.

Извор: futbolarena.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани