Фудбалерите на Наполи во вчерашниот натпревар против Милан славеа победа од 2-0 и на тој начин обезбедија место во финалето од Суперкупот, а во дуелот дојде и до конфликт помеѓу двајцата стратези.
Поради вербалниот конфликт кој Алегри го заапочна со Габриеле Ориали, не се ракуваше со Конте по кајот на мечот.
По натпреварот предводникот на Наполи откри и детали од таа ситуација.
„Ми кажа пет работи по ред. Првата беше „седни идиоте“, потоа „имбецил“, а на крајот заврши со израз кој не беше толку навредлив, но е необично такво нешто да се слушне во тој момент“, објасни Конте.
Кога во прашање е натпреварот, Милан одигра бледо и не беше на своето ниво, додеека Наполи се прикажа во одлично светло и заслужено славеше.