Шкупи доживува една од најтешките сезони во елитниот домашен фудбал. Тимот од Чаир е закован на последното место на табелата со само еден освоен бод по 16 одиграни кола во првата лига.
„За нас како клуб, оваа полусезона беше разочарувачка и тешка. ФК Шкупи и нашите навивачи не ја заслужуваат оваа ситуација. Сепак, се надеваме дека ќе започнеме со нова енергија и поголема сила за да ги вратиме резултатите и гордоста што овој клуб ги заслужува“, започна Минас Османи, актуелниот тренер на Шкупи.
Тренерот Османи верува дека Шкупи ќе реагира на јануарскиот трансфер пазар и ќе донесе квалитетни фудбалери за да излезе од опасната зона.
„Максимално сме фокусирани прво да го отвориме преодниот рок. Се надеваме дека ќе успееме да донесеме неколку квалитетни играчи кои ќе го засилат тимот во оние делови каде што ни е најпотребно. Што се однесува до играчите кои веќе ги имаме во тимот, ќе имаме индивидуални разговори со секој од нив и заедно ќе ги процениме понатамошните чекори“.
Минaс Османи нагласува дека главната цел на Шкупи е опстанок во елитниот домашен фудбал.
„Нашата цел е Шкупи да влезе во вториот дел од сезоната што е можно покомплетен и поконкурентен“, заклучува тренерот Минaс Османи.
Првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната, Шкупи ќе го игра на гости, на 15 февруари 2026 година, на теренот на Македонија Ѓ.П.