Голеада на два натпревари во ЛШ: Копехаген го шокираше Виљареал среде Шпанија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Ефикасно започна денешната програма во Лигата на шампионите и во првите два натпревари кои се играа во Азебејџан и Шпанија видовме дури 11 погодоци.

Холандски Ајакс влезе како фаворит, но се намачи за да дојде до три бода против Карабах кој на двапати водеше. Прво Дуран погоди за предност на домаќините во 10-тата минута, а Ајакс израмни преку Долберг во финишот од првиот дел.

Само што започна второто полувреме Каабах со голот на Матеус Силва одново поведе. Тоа водство на домашниот состав беше актуелно се до последните моменти кога Глук прво израмни во 79.минута, а само четири минути подоцна Гааеј се погрижи за целосен пресврт во финишот Ајакс постигна и четврти гол за конечни 4-2.

Во вториот натпревар исто така славеа гостите со 3-2. Елјоуси уште во втората минута донесе водство на данскиот состав и тоа беше единствениот гол во првиот дел.

Во второто во краток период од само девет минути се постигнаа три погодоци. Комесања израмни во 47-та минута, Ачури минута подоцна постигна втор гол за Копехаген, а Олувасеј во 56. стрелаше за конечни 2-2. Сепак, во самата завршница ветеранот Корнелиус ги постави конечните 3-2 за триумф на Копенхаген.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×