Надежите до 17 години немаа среќа: Ги чекаат битки со Германија и Франција за место на ЕП!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години денес ги дозна ривалите за втората елитна фаза од квалификациите за Европското првенство и ждрепката никако не беше наклонета. Младите „црвено-жолти“ ќе се соочат со силни селекции како: Германија, Франција и Словенија.

Елитните квалификации стартуваат напролет, а селекциите се распределени во седум групи со по четири екипи. Секој сегмент ќе се игра во форма на мини-турнир, со еден домаќин кој дополнително ќе биде утврден.

Пласман на завршницата на ЕП 2026 ќе избори само првопласираната репрезентација од секоја група, што задачата ја прави уште потешка. Финалниот турнир ќе се одржи од 25 мај до 7 јуни.

Група А1: Германија, Франција, Словенија, Македонија

Група А2: Исланд, Португалија, Италија, Романија

Група А3: Шведска, Црна Гора, Грција, Норвешка

Група А4: Чешка, Казахстан, Австрија, Данска

Група А5: Белгија, Кипар, Србија, Швајцарија

Група А6: Шпанија, Турција, Шкотска, Северна Ирска

Група А7: Република Ирска, Словачка, Хрватска, Полска

Можно е и ова да ти се допаѓа

×