Во новата рунда од Купот на Шпанија ќе се приклучат и најсилните шпански екипи кои добија екипи против кои ќе ја имаат фаворитската улога.
Дел од рундата со 32 екипи ќе биде и Валенсија која едвај по продолженија успеа да го мине второлигашот Картагена, херој во овој натпревар беше македонскиот голман Столе Димитриевски кој одбрани пенал во 119. минута. Сега тимот на македонскиот голман ќе се соочи со Спортинг Хихон.
1/16 ФИНАЛЕ КУП НА ШПАНИЈА:
Атлетико Балеарес – Атлетико Мадрид
Талавера – Реал Мадрид
Гвадалахара – Барселона
Оуренсе – Атлетик Билбао
Реал Мурсија – Реал Бетис
Елденсе – Реал Сосиедад
Бургос – Хетафе
Депортиво – Мајорка
Расинг – Виљареал
Спортинг – Валенсија
Хуеска – Осасуна
Гранада – Рајо Ваљекано
Албасете – Селта Виго
Културал Леонеса – Леванте
Еибар – Елче
Алавес – Севиља
Сите дуели освен средбата помеѓу Гранада и Рајо (6 јануари) ќе се одиграат на 16 и 18 декември.