Бас Дост распали по
нашиот Стефан Ристовски, па по мечот против третолигашот Кова Пиедаде каде
Спортинг Лисабон славеше на гостински терен со 1-2 и едвај успеа да обезбеди
место во полуфиналето на Купот на Португалија, следеше бурна расправија помеѓу
нив двајца на теренот.
Ѕвездата на Спортинг Лисабон удри по Македонецот: Дост се испокара со Ристовски (ВИДЕО)
Португалските медиуми
беа мошне заинтересирани за овој настан, па на пресконференцијата по мечот
веднаш го прашаа тренерот Жорге Жесус за што станува збор, детали од него не
добија, туку истите прашања од Жесус беа наречени „сра*е“.
Жесус се налути по прашањето за кавгата помеѓу Дост и Ристовски: Зошто вакви сра*е прашања?! (ВИДЕО)
Хорхе Рапосо, навивач на
Спортинг Лисабон во изјава за „24ФУДБАЛ“ ги пренесува деталите од
расправијата помеѓу Дост и Ристовски, за што истакна дека не е ништо посебно,
во прашање е победничкиот менталитет на холандската ѕвезда.
„Не е ништо
сензационално. Дост сака да победува во секој натпревар, а во тој натпревар
нашиот тим влезе премногу опуштено“ вели Рапосо во изјавата за нашиот медиум.
„Натпреварот сепак беше
против екипа од трет ранг… Медиумите во Португалија се обидоа на таа
расправија да и додадат големо значење, а Спортинг Лисабон направи шега од сето
тоа со тоа што од истото видео промовираше одбојкарски натпревар во нашата нова
спортска сала“ додава тој.
Го запрашавме и што
мисли за нашиот 25 годишен репрезентативец, тој смета дека штом италијанскиот
дефанзивец Пичини си замине од клубот, што се најавува подолг период, Ристовски
ќе биде прве опција за тимот од Лисабон, а за него имаше пофални зборови.
„Ристовски е одличен
фудбалер, доколку Пичини направи трансфер, тој ќе биде нашата прва опција на
секој меч, сигурен сум во тоа“ рече Рапосо.