Со Слован Братислава во Скопје ќе дојдат и армија навивачи на овој клуб!

by riste
0 минути читање

Шкендија во четврток ја пречекува екипата на Слован Братислава во нов натпревар од Конференциската лига, дуелот се игра во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Според медиумите од Словачка, околу 500 навивачи на Слован Братислава ќе допатуваат во Скопје на мечот против Шкендија.

Дуелот започнува од 18:45 часот, тоа е пресметка од петтото коло во Конференциската лига.

Шкендија е на 25. место со четири освоени бода, Слован е 29. со три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×