Јаја Туре повторно жестоко распали по Пеп Гвардиола: Тој е змија, тој е зло, како Сатаната!

by bojan
1 минути читање
Гвардиола против Ливерпул го има натпреварот број 1.000 како тренер

Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре уште еднаш жестоко распали по Пеп Гвардиола, сега сподели еден разговор кој го имал со сопругата пред да замине од Камп Ноу летото во 2010.

Добро познато е дека Јаја Туре и Пеп Гвардиола „не се мирисаат“, фудбалерот од БСК во неколку наврати упати остри критики на адреса на Шпанецот, а слично беше сега и во гостувањето во емисијата „Roue Libre“ на Јутјуб каналот на ZACK.

„Првата година со Гвардиола беше неверојатна, освоивме се што можеше да се освои. Веруваше во мене, па дури играв и како централен дефанзивец за Серхио Бускетс да може да игра во средниот ред. Немаше никакви проблеми“ – вели Јаја Туре.

Проблемите ќе започнат во сезоната 2009/10, и летото во 2010 тој ќе заврши во Манчестер Сити.

„За мене тој не е маж, тој е змија. Не играв цела година, и по добриот настап на мундијалот во 2010, ми се јави и ми кажа дека сака да се вратам во Барселона, дека ме сака назад!“

„Мојата сопруга ми рече, „Зарем ќе ги слушаш сите овие глупости? Те третираше како куче, и сега сака да останеш, навистина сакаш да останеш? Одиме во Манчестер. Тој не е маж, тој е зло, како Сатаната!““

Можно е и ова да ти се допаѓа

×