Вардар е лидер во Првата македонска фудбалска лига и чекори одлично во тековната сезона како единствен непоразен тим.
За клупскиот веб-сајт зборуваше еден од носителите на играта на „црвено-црните“ Давид Бабунски. Тој нагласи дека е пресреќен што игра во клубот каде што настапувал и неговиот татко.
„Среќен сум што сум дел од Вардар, ова е клуб кој има посебно значење за моето семејство, татко ми го носеше истиот дрес во минатото. Вардар е најголемиот клуб во Македонија и ме радува што чекори онаму каде шо заслужува да биде. Работите одат во добра насока и среќен сум што можам да помогнам во тој процес, се трудам максимум за да дадам нешто вредно во тоа што се создава“, изјави Бабунски.
Водечкиот Вардар има 39 бода, еден повеќе од Струга и шест од третопласираната Шкендија. До крајот на годината вардарци ќе се судрат со Македонија Ѓорче Петров во обид за обезбедување на есенската титула по долга пауза.