Гвардиола не сака да биде зависен од головите на Халанд, со 75 милиони ќе ангажира нов напаѓач

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Како што пренесува Тајмс, Манчестер Сити сериозно размислува за ангажман на Антоан Семењо од Борнмут, напаѓачот има откупна клаузула вредна околу 75 милиони евра (65 милиони фунти).

Ерлинг Халанд е единствениот во навалната линија на „граѓаните“ кој во континуитет ги тресе противничките мрежи, Пеп Гвардиола не сака да биде зависен од головите на Норвежанецот, па сака ново засилување на офанзивата.

Како што пренесува весникот Тајмс, Манчестер Сити сериозно размислува за ангажман на Антоан Семењо од Борнмут.

Во неговиот договор има откупна клаузула од околу 75 милиони евра, односно околу 65 милиони фунти, сума која клубот од „Етихад“ без проблем ќе ја плати.

25 годишниот Антоан Семењо одлично ја започна новата сезона со шест погодока и три асистенции, а неговата сестраност и можност да игра на двете крилни позиции но и во форот на нападот, совршено одговара на профилот што го бара Пеп Гвардиола.

Интерес за услугите на Антоан Семењо пројавува и Ливерпул, но прашање е дали „црвените“ повторно ќе можат да го одврзат ќесето откако летоска инвестираа околу 400 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×