Скопското дерби на Вардар и Шкупи денеска заврши со убедлива победа на „црвено-црните“ од 6-1, а по овој дуел работа имала и полиција.
Имено, МВР потврди дека по средбата која се играше на терените на ФФМ биле уапсени седум лица поради фрлање на пиротехнички материјали.
„Денеска (30.11.2025) по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ “Петар Милошевски”, поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје, приведени се вкупно седум лица и против истите ќе бидат преземени мерки согласно законските прописи“, објави МВР.