Миовски доби мала минутажа против Брага, Црвена звезда со играч помалку ја победи Стеауа (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Бојан Миовски повторно не беше во стартниот тим на Ренџерс кој одигра 1-1 против Брага во меч од Лига Европа, Црвена звезда со 1-0 славеше над Стеауа иако имаше фудбалер повеќе од еден час.

Ренџерс поведе со гол на Таверние во финишот од првото полувреме. Брага во 61. минута остана со играч помалку поради црвен картон на Залазар, но осум минути потоа Мартинез даде гол за 1-1.

Миовски во игра влезе во 77. минута, но не успеа да помогне за втор гол на Ренџерс.

Црвена звезда во 27. минута остана со играч помалку по црвен картон на Тебо Учена. Во тие моменти резултатот беше 0-0.

По пет минути игра во вториот дел Бруно Дуарте даде гол за водство на Црвена звезда од 1-0. Црвено-белите го сочуваа овој резултат до крајот на мечот.

Болоња со 4-1 го победи Салцбург, Лион беше најубедлив откако со 6-0 славеше над Макаби Тел Авив, Нотингем со 3-0 го совлада Малме, Штутгарт со 4-0 триумфираше кај Г. А. Иглс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×