Лил го растури Динамо, Лудогорец ја победи Селта!

by riste
1 минути читање

Во првите денешни натпревари од Лига Европа, Лил со убедливи 4-0 го растури Динамо Загреб, во меч со пет голови Лудогорец со 3-2 ја совлада Селта, Астон Вила со 2-1 беше подобра од Јанг Бојс, со истиот резултат Рома триумфираше над Митјиланд.

Динамо прими по два гола во полувремињата, во првото за Лил погодија Кореа и Мукау, во второто Игамане и Андре.

Лудогорец ја изненади Селта победувајќи ја со 3-2. Херој за бугарскиот тим беше Станиќ кој постигна хет-трик, два гола му беа од пенал. Дуран и Ел Абделауи го ублажија поразот само.

Рома со голови на Ел Ајнауи и Ел Шарави го победи Митјиланд со 2-1.

Астон Вила со два гола на Мален беше подобра од Јанг Бојс исто така со 2-1.

Фенербахче и Ференцварош одиграа 1-1, со ист резултат заврши и мечот меѓу ПАОК и Бран.

Селтик со 3-1 славеше гостинска победа кај Феенорд, Порто со убедливи 3-0 ја победи Ница, немаше голови на мечот меѓу Викторија Плзен и Фрајбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×