Детето на Ливерпул со суров коментар по новиот пораз: Во длабоки го*на сме!

by bojan
1 минути читање

„Црвените“ синоќа разочараа одново, загубија дома во пресметката против ПСВ во Лигата на шампиони, а Куртис Џонс со суров коментар ја опиша ситуацијата на Енфилд.

Ливерпул одлично ја отвори новата сезона со пет победи во низа во Премиерлигата, но потоа им се случи драматичен пад.

ПСВ синоќа го изненади шампионот на Англија и со 1-4 славеше на Енфилд во Лигата на шампиони, па „црвените“ сега имаат дури 9 порази на последните 12 натпревари, што е нивна најлоша серија во последните 72 години.

По крајот на натпреварот, Куртис Џонс излезе со суров коментар за моменталната ситуација.

„Ова е неприфатливо, немам зборови. Помина периодот кога бев лут и тажен, сега сум едноставно без зборови“ – вели Куртис Џонс.

„Никогаш не сум искусил волку лош тим… во длабоки го*на сме и мора да има промени“.

Дел од Енфилд вчера со свирежи ги испратија фудбалерите по новото разочарување.

„Тешко ми паѓа, играм за тимот кој го поддржувам. И јас сум навивач, целиот живот го следам клубот“ – додава Англичанецот, кој е дете на Ливерпул.

„Долго, долго време не сум видел Ливерпул да минува низ ваков период и да бележи вакви резултати“.

„Но со оглед на тоа дека се уште го носиме грбот на овој клуб на нашите гради, ќе продолжиме да гинеме за да ги промениме резултатите“.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×